Нов шок во порно индустријата: Светската убавица почина на 20 години

Точка

10/01/2018

14:37

18.221

Големина на фонт

а а а

Многумина ја сметале нејзината убавина за несекојдневна. Иако пошироката јавност ја запознала на поразличен начин, оваа девојка освојувала со убавината и прекрасното тело. Сепак, Оливија Нова починала на 20 години.

Смртта на моделот и порно актерката ги шокирала и самите агенти кои биле задолжени за нејзината кариера. 

"Иако "Direct Models" ја претставуваше кратко време, сфативме дека Оливија е прекрасна девојка со слатка насмевка и нежна личност. Уште една, премлада...во шок сме и ова навистина не го очекувавме. Почивај во мир, сладок ангелу", пишувало во изјавата на нејзините агенти.

Со манекенство се занимавала од својата 12-та година, а во 2017-тата година почнала да снима порно филмови. Пред само неколку дена им се обратила на своите фанови на Твитер и споделила неочекувана порака. Била тажна што сама го минува големиот празник.

"Сама за празниците. На своите фанови им праќам празничен поздрав", напишала таа.

##https://twitter.com/olivianovaxxx/status/945163658128060419##

Ова е четврта смрт на порно актерка во последните неколку месеци. Шајла Стајлз починала на 35 години, Август Ејмс на 23 години се обесила на почетокот на декември, а две седмици подоцна настрадала и 31-годишната Јуризан Белтран.

Причината за смртта на Оливија не е позната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг