Неговата изјава го кренала светот на нозе: Астронаутот тврдел дека во вселената пораснал 9 сантиметри, а сега го вели ова

Точка

10/01/2018

12:53

9.780

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот астронаут кој претходните денови завршил во вестите поради својот неверојатен раст од 9 сантиметри во три седмици, изјавил дека се извинува поради грешката во мерењето и "лажната вест" која ја објавил.

Потсетуваме, Норишге Канаи, јапонски астронаут, кој живее на Меѓународната вселенска станица, навел дека пораснал 9 сантиметри од одењето во вселената пред само три недели. 

Норишге Канаи на Твитер напишал дека е загрижен дека нема да го собере во руското летало "Сојуз", со кое треба да се врати дома во јуни.

"Добро утро на сите. Имаме едно многу важно известување. На вообичаеното мерње откако дојдовме во вселената, се покажа дека сум пораснал 9 сантиметри за неколку недели", напишал астронаутот.

Сепак, во новиот твит објаснил дека неговиот командант на станицата, рускиот астронаут Антон Шкаплеров, бил сомничав кон оваа информација, па Јапонецот повторно бил измерен и бил повисок за само 2 сантиметри од тоа што бил на Земјата.

"Ова беше грешка во мерењето, но изгледа дека многу луѓе зборуваат за тоа. Немам болки во грбот, ми исчезнаа болките во вратот и рамениците, поради што се сомневам дека сум 9 сантиметри повисок. Командантот на летот Шкаплеров ги познава овие работи, тој е ветеран", напишал Канаи.

Додал дека чувствува "олеснување" бидејќи сега "веројатно ќе го собере во "Сојуз" кога ќе се враќа дома".

Во секој случај, иако можеби звучи бизарно, растот на астронаутите во вселената е утврден и објаснет феномен. Имено, човековото тело се менува во отсуство на нормална гравитација, а 'рбетот станува рамен и издолжен, со оглед на тоа дека пршлените се растегнуваат.

Астронаутите во мисиите растат од 2 до 5 сантиметри, што е многу помалку од 9-те сантиметри кои Канаи погрешно ги измерил. Астронаутите по враќањето на Земјата брзо се враќаат на својата нормална висина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг