Има 53 години, два возрасни синови, а кога ќе се соблече во бикини и двојно помладите можат само да и се поклонат

Точка

10/01/2018

11:57

7.718

Големина на фонт

а а а

Манекенката Ел Макферсон изгледа како божица, иако е во шестата деценија од животот.

Славната манекенка Ел Макферсон како да не старее. 

Австралиската убавица, која е во шестата деценија од животот, има тело на кое можат да и позавидат и многу помлади жени од неа. 

Ел се фотографирала во бикини и покажала каква линија има и на 54 години.

Не е чудо што и денес со гордост го носи прекарот "Тело".

Инаку, Ел ја открила тајната на нејзината витка линија.

"Треба да потрошите барем 45 минути за движење, па макар и нешто наједноставно. Шетајте го кучето, оставете го автомобилот дома и пешачете до работа", рекла убавата Австралијка и додала дека здраво се храни и дека сака да вежба надвор.

Вели дека не е на диета и дека не се оптоварува со килограмите.

"Не се фокусирам на тежината како на почетокот на манекенската кариера. Не ме загрижува бројката на вагата и која големина на тоалета носам", искрена е Ел, која има два возрасни синови, 19-годишниот Арпад и 14-годишниот Аурелиус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг