Протекувањето на вода на аеродрмот „ЏФК“ во Њујорк предизвикало поплава во делот за багажот, по што неколку летови на терминалот четири биле одложени.
Поради поплавата, првите луѓе на аеродромот наредиле евакуација на терминалот кој што инаку е главен терминал за поаѓање за меѓунродниот воздушен сообраќај, пренесува американски „СиЕнЕн“.
На видео снимките кои што се појавија на интернет може да се види голема количина на вода и вода која што се слева низ ѕидот на терминалот. Засега нема пријавено повредени, а исто така не е познато која е причината за поплавата.
Од аеродромот на Твитер во околу 15:30 часот по локално време соопштиле дека Терминалот 4 е затворен, а летовите одложени.
Како што пренесува „СиЕнЕн“, патниците и пред да се појави проблемот со поплавата се жалеле на одложување на летовите и проблеми со багажот.







