Polo Coupe како идеална замена за Scirocco

Точка

05/01/2018

14:01

2.743

Големина на фонт

а а а

Германски Фолксваген нема намера да се откаже од „купе верзијата на Голф“ наречена Scirocco, но новата генерација би требало да ги повлече идеите на Polo.

Производството на купе верзијата на најпопуларниот модел на Фолксваген - Голф, беше сопрена во октомври, но сепак не така популарниот Scirocco би можел да добие втора генерација која што ќе добие темелни промени.

Scirocco не беше успешен модел на Фолксваген и челниците на германскиот автомобилски гигант го знаат тоа. На пазарот пристигна во 2008-ма година, но купе верзијата на Голф никогаш не успеа да се наметне кај купувачите.


Сепак, производството на Scirocco траеше девет години и конечно беше сопрено во октомври минатата година. Во 2016-та година биле продадени скромни 10,752 примероци, а овој модел бил најпопуларен во 2009-та година кога биле продадени рекордни 45,248 илјади примероци. Сепак, ниту тие резултати не биле според очекувањата на Фолксваген.

Од Фолксваген дури и решија да понудат и Scirocco R со 280 коњски сили, но ниту овој атрактивен модел не го привлече вниманието на купувачите и не ги подигна продажните бројки.


Сепак, германските медиуми шпекулираат дека Scirocco би можел да добие втора шанса, но овој пат како Polo Coupe. Таквиот модел се уште не бил во план, но од Фолксваген може да пристигне изненадување наскоро, баш кога новата генерација на Polo привлече огромно внимание и јасно е дека ќе „растури“ на пазарот во својата класа.

Токму во последната, шеста генерација, Polo ја загуби изведбата со три врати, па можно е со купе верзијата да се врати моделот со три врати на пазарот како „новиот Scirocco“, односно Polo Coupe.



Спонзорирани линкови

Маркетинг