Ким повика на дијалог, но Американците не спијат: Армијата е подготвена за борба во секој момент!

Точка

05/01/2018

09:40

1.904

Големина на фонт

а а а

Главниот командантна американските сили во Јужна Кореја изјави дека Соединетите Американски Држави се подготвени за борба против Северна Кореја во секој момент.

Генералот Винсент Брукс изјави дека е важно САД и Јужна Кореја да продолжат да го одржуваат „челично цврстото“ сојузништво и да бидат целосно подготвени доколку преговорите помеѓу двете Кореи доведат до „негативни резултати“.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун најави дека неговата земја ќе сака да биде дел од Зимските Олимписки игри кои што идниот месец ќе се одржуваат во Јужна Кореја и повика итно стартување на дијалогот со Сеул, но не и со Вашингтон.


Генералот Брукс кој што е прв човек на "US Forces Korea", американски контигент од 28,500 американски и јужнокорејски војници, пред студентите на Универзитетот во Сеул порача дека му е мило што се води дијалог, но неговите војници нема да се опуштат.

„Можеме да бидеме општо задоволни од неодамнешните повици за преговори. Но, мораме да ги држиме нашите очекувања на соодветно ниво“, изјави генералот Брукс и додаде дека американските и јужнокорејските сили се обидуваат „да останат мирни додека ѝ оставаат место на дипломатијата и економските акции под водство на националните лидери“.


Американскиот генерал сепак не даде коментар за „фалењето“ на Доналд Трамп на Твитер кој што на својот севернокорејски колега му порача дека има „нуклеарно копче“ кое што е поголемо и помоќно и за разлика од копчето на Ким Јонг Ун, неговото функционира.

Брукс порача дека претседателите Трамп и Мун се негови „шефови“ и порача дека сака да им остави простор да бидат во состојба да донесат одлука за да дојдат до мирен и демократски начин на решавање на севернокорејскиот проблем.