Уште една ракометарка ги напушти редовите на ЖРК Вардар

Дерби

02/01/2018

10:47

1.698

Големина на фонт

а а а

Александра Лакрабер дефинитивно оваа година ја завршува приказната наречена ЖРК Вардар.

Таа се враќа во својата родна земја, а причината е потпишувањето нов договор со Флери, каде наредните две години ќе го носи дресот и ќе ги брани боите на овој тим. Стратегот на Флери, Кристог Пасан го потврди овој трансфер и изјави дека тимот догодина ќе биде еден од конкурентите во француското првенство и во Европа, по нејзиното доаѓање во клубот.