Лос Анџелес Лејкерс се ставени на мака поради една причина, а тоа е Кентавиус Калдвел Поуп, кој е осуден на затвор од 25 дена поради конзумирање алкохол.
Претходно Калдвел беше условно осуден на 12 месеци кога играше во Детроит, но овој пат откако беше фатен под дејство на алкохол ќе добие казна во времетраење од 25 денови. Судијата донесе одлука и по поднесената жалба од страна на адвокатот на Поуп, судот му овозможи да го пуштаат од затвор за да тренира и да настапува за Лос Анџелес на НБА-мечевите на домашен терен Тој нема да смее да излезе надвор од Калифорнија и поради тоа нема да може да им помогне на своите соиграчи на гостувањето надвор од државата. Очигледно ќе недостасуваат просечните 14 поени кои Поуп ги постигнуваше на натпреварите за Лејкерси.






