Витлеем гори, во тек е хаос на улиците: Дивее судир меѓу Палестинците и израелската полиција по големата одлука, има и ранети

Точка

07/12/2017

17:36

4.205

Големина на фонт

а а а

Меѓу Палестинците и израелската војска дошло до судири и во центарот на Хеброн.

Судирот избил меѓу демонстрантите и полицијата во Витлеем, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел. Израелската војска ранила 17 лица, од кои едно е во критична состојба, кога запукале на демонстрантите собрани на протестите на Западниот брег и Појасот Газа. 

Претходно било соопштено дека започнале судири меѓу Палестинци и израелските сили на Западниот брег на реката Јордан, а тоа го потврдила и војската на Израел.

 

"Во тек се судири. Деталите ги разјаснуваме", се наведува во соопштението. 


Според зборовите на жителите на Рамала во Палестина, во тек е општ митинг, а покрај израелскиот премин се поставени барикади каде луѓето исто така палат и гуми. 


Десетици демонстранти се собрале на граничниот премин со Израел и гаѓале со камења кон војниците од другата страна. Израелската војска на провокациите одговорила со пукање со боева муниција, при што ранети биле двајца демонстранти, од кои едниот е во критична состојба. 


Како што јавува "Reuters", израелските војници во градовите Хеброн и Ал Бирех користеле и гумена и боева муниција. Со боева муниција бил ранет еден демонстрант, а уште 14 биле повредени со гумени куршуми. Според наводите на сведоците, илјадници луѓе се собрале во градовите Хеброн и Ал Бирех на Западниот брег, каде извикувале "Ерусалим е престолнина на Палестина". 


Портпаролката на израелската војска соопштила дека војниците користеле опрема за разбивање на демонстрации против стотина демонстранти кои фрлале камења и тврди предмети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг