Американците не губат време: Веднаш започнува процесот за преместување на амбасадата во Ерусалим

Точка

07/12/2017

14:40

1.034

Големина на фонт

а а а

Откако американскиот претседател Доналд Трамп и официјално го призна Ерусалим за главен град на Израел, пристигнаа и најавите за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Стејт Департментот веднаш ќе ги започне подготовките за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, како и ќе започне зајакнувањето на безбедносните мерки за заштита на Американците на Блискиот исток, порача американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

„Одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел е во согласност со американското гледање на реалноста, со оглед на тоа што парламентот, врховниот суд, претседателството и службите на израелскиот премиер веќе се наоѓаат во тој град“, оцени шефот на американската дипломатија во соопштението.


Рекс Тилерсон гарантира дека одлуката е донесена после консултацијата со бројни пријатели, партнери и сојузници.

„Цврсто веруваме дека постојат шанси за постигнување на траен мир“, додаде државниот секретар за време на посетата на американската воена база „Рамштајн“ во Германија.

„Стејт Департментот веднаш ќе го започне процесот за примена на одлуката и подготовки за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим“, изјави шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон.


Сепак, извори од Белата куќа за американските медиуми откриваат дека таквиот процес би можел да потрае со години, затоа што сега потребно е најпрвин да се пронајде идеално место и потоа да се изгради објект кој ќе ги има потребните безбедносни механизми за потоа да се пресели амбсадорот, дипломатите и останатите вработени.

„Во договор со другите федерални агенции, започнавме безбедносни планови за заштита на Американците во тие региони“, изјави Рекс Тилерсон во моментите кога одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми анти-американското расположение и бес на Блискиот исток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг