Светот помисли дека Исламската држава е мртва, но се раѓа нов калифат, и поблиску е од што мислиме

Точка

07/12/2017

11:31

5.370

Големина на фонт

а а а

Способноста на терористите да наоѓаат луѓе слични на себе по целиот свет преку социјалните мрежи е без преседан и ѝ овозможува на Исламската држава да добие пристап до голем број на екстремисти.

Поразот на терористичката организација ИСИС на Блискиот исток не влијаел на нејзините способности да организира терористички напади преку Интернет во западните држави, соопштила во американскиот сенат директорката на Националниот антитерористички центар, Лора Шајо. 

Од јануари оваа година Исламската држава извела или соопштила дека е вмешана во "најмалку 20 напади против западните интереси", соопштила Шајо.

Како што навела, способноста на терористите да пронаоѓаат луѓе слични на себе по целиот свет преку социјалните мрежи е без преседан и ѝ овозможува на ИСИС да добие пристап до голем број на екстремисти во западните држави.

"Тоа е нов калифат - во сајбер просторот" - изјавил републиканецот, претседател на комитетот на Сенатот за прашања по националната безбедност и државните работи, Рон Џонсон, пренесува Sputnik.

Потсетуваме, терористичката група ИСИС моментално трпи порази на сите фронтови. Вчера Генералштабот на Русија соопштил дека нивните единици на територијата на Сирија се во целост уништени. Во исто време, во ЕУ соопштиле дека во Европа има сè повеќе приврзаници на идеологијата на терористите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг