Уапсен косовскиот пратеник Курти, судири со полицијата

Макфакс

24/11/2017

11:50

1.084

Големина на фонт

а а а

Косовската полиција денеска го уапси пратеникот на Самоопределување, Албин Курти, кој воедно е и духовен лидер на ова политичко движење. По апсењето, следуваше судир на полицијата со приврзаниците на Самоопределување, при што полицијата употреби и солзавец.

Полицијата, освен Курти, ги уапси и Доника Кадај – Бујупи и Албулена Хаџиу, пратенички на Самоопределување, поради сомневање дека употребиле оружје и други средства за спречување на работата на собранието на Косово.

Апсењето е извршено по налог на Основиот суд во Приштина. Акцијата на полицијата за апсење на пратениците, според приштинските медиуми, е реализирана за време на влезот во собранието.