Археолозите и нуркачките екипи дошле до фантастично откритие во турското езеро Ван, пренесуваат светските медиуми.
За време на операцијата за подводно ископување во најголемото турско езеро, била пронајдена тврдина која се проценува дека е стара дури 3 илјади години. Научниците веруваат дека потекнува од добата на цивилизацијата на древното кралство Урарту.
Археолозите сметаат дека древната тврдина била изградена кога нивото на водата на езерото било околу стотина метри пониско.
Тврдината ја пронашле археолози од Универзитетот Ван Јузунчу Јил во соработка со нуркачите. Лидерот на нуркачкиот тим Тахсин Чејлан за локалните медиуми изјави дека пронајдените рушевини биле дел од голем изграден терен кој што се протегал дури еден километар. Висината на видливите ѕидови на тврдината се движи од 3 до 4 метри.