И' говореле дека за неа не постои никакво соодветно бикини, а денес таа е нова кралица на "плус-сајз" моделите и е обожавана од милиони!

Точка

22/11/2017

15:30

5.288

Големина на фонт

а а а

Плус-сајз манекенката Ешли Грејем направи вистинска револуција во модната индустрија кога се најде на насловната страница на магазинот Vogue, на билбордите и модните писти ширум светот.

На тој начин таа ги отвори вратите за сите убавици со раскошни облини, а една од нив е токму Ешли Алексис. Некогаш била омаловажувана, и и' било говорено дека никогаш нема да стане манекенка и дека едноставно не постои такво бикини коешто би и' било точно, но денес оваа манекенка којашто носи XL конфекциски број, е вистинска ѕвезда на познатата компанија за долна облека Lovehoney.

Living my best life ❣️ #BTS with @lovehoneylingerie taken by my babessss @travis.yohe : )

A post shared by Ashley Alexiss (@ashalexiss) on

Оваа убавица позирала и за Elle, Maxim и Playboy, но ова е прва нејзина кампања за еден меѓународен бренд.

Ешли на друштвената мрежа Instagram ја следат повеќе од 1.2 милиони овожаватели, а токму за неа, сопственикт на брендот Lovehoney изјавил дека е многу драга личност и дека таа им пружа огромна поддршка на сите “пополни” жени во нивниот однос кон телото.


"Секое парче ме прави посамоуверена и посреќна што конечно можам да носам такви парчиња во својата големина. Тие навистина прават да се чувствувам сексапилно", изјавила Алексис, со оглед на тоа дека пред нејзината кампања овој бренд не произведувал поголеми конфекциски броеви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг