Мугабе сокрил милиони на тајни сметки: Тајното богатство на претседателот на Зимбабве од кое ќе ви се заврти во глава

Точка

21/11/2017

17:39

5.106

Големина на фонт

а а а

Веќе една седмица во Зимбабве трае политичка неизвесност поради обидот за смена на Роберт Мугабе, кој со земјата управува речиси четири децении. И додека во текот на неговото владеење земјата економски пропаѓала, тамошните медиуми пишуваат дека Мугабе го собирал богатството за себе и своето семејство.

Меѓу другото, Мугабе поседува и компанија за дијаманти, а има и банкарски сметки во даночните рајови ширум светот. 

Се наведува дека неговиот имот е сокриен "на тајни сметки во Швајцарија, на Бахамите, како и во Шкотска". 

Конкретни докази за бизнисите на еден од најсуровите лидери на светот, е тешко да се најдат, пишуваат локалните медиуми. 

Опозициските политичари во Зимбабве тврдат дека Мугабе поседува огромни фарми, вклучувајќи и една огромна фарма за млеко. Тоа е во директна спротивност со Уставот и Законите за сопственост на земјиште.

Неговиот нагон за луксуз не доаѓа без трошоци. Резиденцијата во Хараре е само една од неколкуте недвижнини во сопственост на овој 93-годишник. Лидерот на Зимбабве има недвижнини и во Хонг Конг и во Велика Британија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг