Хан: Потребно е да се истрча последниот километар за да се заврши маратонот

Макфакс

20/11/2017

15:43

783

Големина на фонт

а а а

Причината за мојата посета на Скопје е тоа што постигнавме многу, а не сакам да се добие впечаток дека Брисел не е фокусиран на Македонија. Ова го изјави комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, кој денеска престојува во Скопје.

Хан смета дека треба да се истрча последниот километар за да се заврши, како што вели, маратонот за престапните преговори за ЕУ.

„Јас и мојот тим сме посветени за позитивна препорака, сакаме тоа да се случи на почетокот од наредната година. Сега сме повеќе сигурни отколку во минатото. Се надеваме дека сите земји членки ќе се изјаснат позитивно. На состанокот минатата недела, каде што присуствуваше и вашиот заменик-министер во Владата, Бујар Османи, и сам виде дека се оди во позитивна насока, но треба уште многу да се работи“, изјави Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој го потсети Заев дека на Брисел му се потребни конкретни резултати кога се во прашње реформите.

„Не сум наивен, многу години сум во политиката. Целта ќе се постигне само доколку сите се движат во ист правец. Ја поттикнувам опозицијата да биде контруктивно критична за да се стигнат сите датуми и да се постигне потребниот напредок. Гледам дека има промени во земјата како резултат на изменетата политичка средина. Мислам дека имате посебен напредок, а ви благодарам за поддршка на регионалната соработка, која е потреба за сите земји во регионот да напредуваат. Ние сметаме на вас бидејќи заедно постигнавме многу“, изјави Хан.

Додаде дека неколкупати ЕУ ги покажала своите заложби за европската перспектива на Македонија, при што ги посочи Бугарија, Австрија и Романија како земји што даваат голема поддршка за земјите од Западниот Балкан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг