Страшно: Во телото му пронашле грозни работи: Војник кој побегнал од Северна Кореја е во голема опасност, лекарите во шок

Точка

17/11/2017

17:41

5.989

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот војник кој побегнал преку границата во Јужна Кореја, имал високо ниво на паразити во цревата, соопштиле лекарите.

Докторите велат дека пациентот е во стабилна состојба - но огромниот број на црви во неговото тело ги инфицираат раните и ја влошуваат неговата ситуација. 

Се смета дека неговата состојба дава редок увид за животот во Северна Кореја. 

"Не сум видел ваков случај во последните 20 години како лекар", им рекол на новинарите јужнокорејскиот лекар Ли Кук-Џонг, објаснувајќи дека најдолгиот црв отстранет од цревата на пациентот е долг 27 сантиметри. 

Како се добиваат паразити

Луѓето можат да се заразат со паразити преку консумирање на контаминирана храна, ако ги касне инсект или паразит кој влегува преку кожата. 

Во случајот на севернокорејскиот војник, најверојатно станува збор за првата опција. Паразитите кои влегуваат во телото преку контаминирана храна, најчесто се црви. 

Имено, Северна Кореја и натаму користи човечки фекалии како ѓубриво. Доколку со тоа ѓубриво се ѓубри овошјето кое подоцна се јаде свежо, паразитите влегуваат во устата, а потоа и во цревата на луѓето. 

Што ни кажува тоа за здравствената заштита во Северна Кореја?

"Северна Кореја е многу сиромашна земја, и како и секоја друга сиромашна земја има сериозни здравствени проблеми", рекол професорот Андреј Ланков од Универзитетот Кукмин во Сеул. 

Но, професор Ланков истакнува дека во споредба со другите држави со сличен доход по глава на жител - како Бангладеш и многу Африкански држави - жителите на Северна Кореја се многу поздрави од тоа што би се очекувало. 


"Северна Кореја нема ресурси да има модерен медицински систем", вели тој и додава дека нивните лекари се релативно слабо обучени и мора да работат со примитивна опрема. 

Сепак, имајќи во предвид дека има голем број на доктори, земјата успева да се снајде во тешката економската ситуација, тврди тој. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг