Аривабене: Добивме потврда дека имаме добар болид

КРУГ.МК

14/11/2017

19:07

533

Големина на фонт

а а а

Шефот на Скудерија Ферари, Маурицио Аривабене изјави дека перформансите на тимот во Бразил покажале колку силен пакет имаат.

Себастијан Фетел и Кими Раиконен лесно се справија со Мерцедес иако на крајот мерцедесите беа премногу блиску. Ова беше прва победа на Ферари во Бразил од 2008 година.

Аривабене се заблагодари на тимот за нивната посветеност и напорна работа во текот на целата сезона.

„Вчера на квалификациите видовме дека болидот е брз и спремен. Денеска добивме потврда дека имаме добар пакет. Резултатот на оваа трка се должи на одличната работа која ја работи тимот тука и во Маранело и да не ги заборавиме возачите кои го подигнаа својот степен на спремност. Сега гледаме напред кон Абу Даби и сакаме да дадеме се од себе до самиот крај“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг