Пристигнува новиот "G-Class": Мерцедес се сеќава на почетоците

Точка

13/11/2017

17:45

2.295

Големина на фонт

а а а

Мерцедес полека се подготвува за премиерата на новиот "G-Class", а за фановите на овој модел Германците подготвија кратко видео во кое што се прикажани кадри од старите промо филмови на овој легендарен теренец.

На видеото можат да се видат детали од екстремното возење на оригиналниот "G-Class" кој што беше лансиран на пазарот од германскиот производител во 1979-та година.

Сепак, приказната за "G-Class" започнува многу порано, со огледна тоа што развојот на ова возило е започнат во 1972-ра година. Една година подоцна било одлучено во соработка со Steyr-Daimler-Puch AG да се произведе „лесно цивилно теренско возило со погон на сите четири тркала“. Целта била поставена - да се произведе квалитетен теренец кој ќе може да ги совлада „несовладливите“ терени.


Моделот на "G-Class" бил изработен од дрво во размер 1:1 и претставен во 1973-та година, а после една година, започнале тестирањата на прототиповите. Набрзо започнале нарачките на овој автомобил кои што на адреса на Мерцедес пристигнувале од сите страни на светот.

Конечно, во 1979-та година започнало производството на "G-Class". На купувачите им биле достапни модели со пократко и подолго меѓуосовинско растојание, додека каросеријата можела да биде класична, со тврд покрив или кабриолет со мек, платнен покрив.


Покрај тоа, од Мерцедес понудиле два дизел мотори - четирицилиндарски со 72 коњски сили (53 kW) и петцилиндарски со 88 коњски сили (65 kW). Покрај дизел моторите, биле достапни и бензинци, односно шестцилиндарски мотор со 150 коњски сили (110 kW) и четирицилинадрски во подваријанти од 90 коњски сили (66 kW) и 100 коњски сили (75 kW).



Спонзорирани линкови

Маркетинг