Ѕвер од телефон: Првиот паметен телефон на Razer би можел да има 8 GB RAM

Точка

17/10/2017

19:02

1.430

Големина на фонт

а а а

Познатата компанија Razer на 1-ви ноември ќе го претстави својот прв паметен телефон, а сега на интернет се појавија и неколку детали во врска со овој долгоочекуван телефон.

Според последните информации кои што се појавија на специјализираните портали кои што ги следат новостите од светот на паметните телефони, телефонот на Razer ќе има 5,1-инчен екран со резолуција од 2,560х1,440 пиксели, Snapdragon 835 процесор, задна камера од 12 и предна од 8 мегапиксели и интерна меморија од 64 GB.

Ова денес е всушност стандард за премиум паметните телефони, но сепак еден детал привлекува повеќе внимание, а тоа е 8 GB RAM меморијата со која што ќе располага телефонот на Razer.


Денешните најдобри телефони пристигнуваат или со 4 GB RAM или со 6 GB RAM меморија, но телефонот на Razer ќе пристигне со 8 GB RAM меморија веројатно поради „гејмингот“ по што најмногу ќе се издвојува од останатите конкуренти.

Razer има намера да го позиционира својот паметен телефон како уред за играње на видео игри, што има смисол затоа што станува збор за компанија која што е една од најпознатите во светот на гејмингот. Иако дополнителниот RAM може да помогне, сепак тоа не може да биде гаранција дека телефонот ќе функционира подобро од ривалите.


Како и да е, ќе треба да почекаме до 1-ви ноември и да видиме каков ќе биде телефонот на Razer кој што исто така, потврдено е дека ќе користи модифицирана верзија на Android Nougat оперативниот систем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг