9 најдобри, но помалку познати ски - центри во Европа

Точка

13/10/2017

00:50

3.421

Големина на фонт

а а а

Британскиот магазин The Guardian ги претстави најдобрите помалку познати ски - центри во Европа за сите љубители на зимските спортови. Доколку не сте биле на овие места, тогаш оваа зима добро размислете пред да го закажете вашето зимување па можеби некој од следните ски - центри ќе биде вашиот избор.

Арлберг, Австрија 

Тука сезоната трае од ноември до април, а гостите можат да уживаат во фантастичната гастрономска понуда.


Боровец, Бугарија

Станува збор за современ ски - центар со многубројни хотели, а посетителите можат да уживаат во прошетка на густите шуми.


Вилар и Грион, Швајцарија

Постојат голем број црвени и сини стази на кои посетителите можат да ги усовршуваат своите скијачки техники. Овие две области се совршени за семеен одмор.


Кампо Императоре, Италија

Познат е како малиот Тибет и се наоѓа во регионот на Абрузо. Располага со 4 жичарници и прекрасен планински хотел.

Алпе де Гранде Сере, Франција 

Ова семејно одморалиште е оддалечено од Гренобл на 50 минути, а нуди поефтино смeстување од оној на Алпите.


Ром Алпин, Шведска

За Божиќ е најстудено, па ова место е совршено за посета во март или април.


Трисил, Норвешка

Љубителите на скијањето тука можат да уживаат и во ноќно скијање.


Маутерндорф, Австрија

Во ова планинско село се наоѓаат три одлични ски центри: Obertauern, Faningberg и Sankt Margareten.


Фибербрун, Австрија

Кога станува збор за Алпите, на ова место годишно паѓа најголема количина на снег, иако планинскиот врв се наоѓа на помалку од 2.000 метри надморска височина. Од Минхен е оддалечен околу еден час.




Спонзорирани линкови

Маркетинг