Компанија за женски костими во новата реклама искористи голи мажи како реквизити за да ги прикаже родовите улоги во општеството

Точка

12/10/2017

18:58

1.344

Големина на фонт

а а а

Секоја реклама која е објавена за машка мода има една иста дефиниција - згоден и убав маж, облечен по модните стандарди позира со гола девојка или речиси гола девојка која е покорена над него. Компанијата Suistudio е компанија која изработува костими наменети за жени, со новата реклама го претвори овој стар облик на прикажување на жената под името "Not Dressing Men".

Името на насловот алудира дека оваа компанија произведува елегантни и безвременски костими исклучиво за жени. Во новата реклама улогите на мажот и жената се променети, овој пат жените се облечени во костими, а во позадина има голи мажи. На фотографиите се прикажани жени кои имаат стабилна позиција и моќ, доминираат, додека мажите се претставени како мебел. Односно оваа реклама направи пресврт на секстичките идеологии кои го измачуваат општеството. 


Некои го обивнуваат потегот на потпретседателката на Sustudio, Кристина Баричели. Сепак, според е-маил испратен до Upworthy, Баричели ја опишала нивната работа како "повик до луѓето да ги преиспитаат родовите улоги во општеството и во светот на модните реклами".




Спонозорирани линкови

Маркетинг