Момче претепано во Тетово

Нетпрес

12/10/2017

15:19

399

Големина на фонт

а а а

Млад маж е претепан од тројца негови сограѓани, пријавено е во средата во раните претпалдневни часови во полицијата во Тетово за инцедент кој се случил ден претходно.

Инцидентот било пријавен околу 16,30 часот во средата во полициската станица Тетово, од страна на 29-годишниот А.С., кој пријавил дека претходниот ден околу 20,15 часот на улицата „Љуботенска“ во Тетово, застанало возило во кое биле лицата Џ.С., Б.И. и С.Н од Тетово.

Притоа, Џ.С. почнал да му упатува разни пцовки кон него, по што излегол од возилото и физички го нападнал удирајќи го А.С. со глава во пределот на носот, по што тој паднал на плочникот. Во тој момент и Б.И. и С.Н. физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на главата и телото.

А.С од нападот се здобил со видлива повреда во пределот на лицето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг