Пожари ја голтаат Калифорнија, десетици мртви, стотина исчезнати: "Состојбата само ќе се влошува"

Точка

12/10/2017

14:36

820

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 8.000 пожарникари се борат со огнената стихија која голта вкупно осум калифорниски окрузи.

Вкупно 22 пожара избиле од неделата и настрадале речиси 70.000 хектари. Загинале 23 лица, додека стотина се водат како исчезнати. Според проценките на пожарникарите, уништени биле најмалку 3.500 градби, куќи и продавници. 

Службеникот од калифорнискиот Оддел за шуми и цивилна заштита, Кем Пимлот, рекол дека состојбата најпрво ќе се влоши, пред да се подобри. Американските медиуми јавуваат дека пред пожарникарите има долга борба. На терен има повеќе од 70 хеликоптери и 30 противпожарни авиони, додека на земјата оперираат стотина пожарни возила.

Не е познато што ги предизвикало страшните пожари. Помош за Калифорнија доаѓа од Невада и Вашингтон, а неодамна помош пратиле и властите на Орегон и Сан Диего.

Засега медицински биле третирани 168 пациенти поради изгореници и вдишување на чад, пишува ABC News.

Полицијата на Санта Роса вчера објавила дека засега поради сомнение за подметнување на пожар биле уапсени три лица, од претходно познати на полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг