Брутално издание на легендарниот Camaro од 1969-та

Точка

10/10/2017

17:01

1.960

Големина на фонт

а а а

Само мал број на американски „мускули“ може да се стават во иста реченица со Ford Mustang или Chevrolet Camaro. Секако, тоа е една од причините зошто добрите примероци на овие легендарни автомобили денес на аукциите достигнуваат астрономски цени.

Chevrolet Camaro од тјунинг куќата RingBrothers е токму таков примерок. Колку и да изгледа атрактивно кога е надворешноста во прашање, кога станува збор за овие автомобили, тогаш купувачите најмногу се заинтересирани од тоа што се наоѓа под хаубата.


Таму се наоѓа моќниот Chevy LS3 комбиниран со Whipper, што значи дека овој агрегат испорачува брутална моќ, дури и кога суперавтомобилите се во прашање.


Со дополнителна обработка на издувниот систем, Chevrolet Camaro на RingBrothers испорачува речиси 1000 коњски сили. Сѐ на сѐ, ова е еден од поубавите примероци кои што сме ги виделе во последно време, а сигурно нема рамнодушни да останат љубителите на американските V8 ѕверови.

За повеќе фотографии клик тука.



Спонозорирани линкови

Маркетинг