Eclipse Cross пристигнува во Европа: Ќе успее ли Mitsubishi да се наметне на пазарот?

Точка

09/10/2017

17:45

974

Големина на фонт

а а а

Mitsubishi оваа седмица започна со испораката на моделот Eclipse Cross на европскиот пазар.

Компактниот SUV автомобил кој својата премиера ја имаше на Саемот за автомобили во Женева ќе се најде во продажба во зимските месеци од годината, а во текот на актуелната фискална година се очекува испорака на 50 илјади автомобили.


Со својот спојлер, покрив и преден дел, многумина сметаат дека Eclipse Cross е прилично агресивна верзија на концептниот автомобил XR-PHEV. Внатрешноста на автомобилот истовремено е динамична и спортска, а секако автомобилот располага и со технолошки детали кои што на возачот ќе му овозможат контрола на разни функции.


Спецификациите на новиот модел на Mitsubishi кој што ќе се се бори со голема конкуренција од истиот сегмент на европскиот континент се следни: 4405 x 1805 x 1685 мм димензии, 1,5-литарски турбо бензински мотор кој што развива 160 коњски сили и има најголем обртен момент од 250 Nm.


Новите сопственици на Eclipse Cross ќе можат да изберат меѓу 6-степенскиот мануелен менувач и 8-степенскиот автоматски со "Sport Mode" кој што ќе има опционален погон на сите четири тркала.




Спонозорирани линкови

Маркетинг