Познатиот рапер решил да докаже дека Земјата е рамна! Од НАСА му порачуваат да си ги чува парите и му даваат докази!

Точка

03/10/2017

12:01

9.076

Големина на фонт

а а а

Астронаутите на Агенцијата НАСА се обиделе да го разубедат раперот "B.O.B", кој собира пари за лансирање на сателит за да докаже дека Земјата е рамна.

Прв се огласил Тери Виртс, кој бил во вселената два пати. 

"Можам да му заштедам многу пари. Земјата е округла. Летав околу неа", напишал астронаутот на својот профил на Твитер. 

Потоа во расправата се приклучил и Баз Олдрин, еден од астронаутите кои шетале на површината на Месечината. Олдрин на раперот му објаснил што е тоа орбита.

"Јас исто така. Тоа се нарекува орбита - закривени патишта на небесните објекти околу ѕвездите, планетите или Месечината". 

Астронаутот Скот Кели на Боб му пратил видео-снимка која докажува дека Земјата има облик на сфера. И му предложил собраните пари за лансирање на сателитот да ги донира за жртвите на ураганите Ирма и Марија.

Астронаутите не го убедиле раперот. 

"Луѓето обично ве разубедуваат кога нешто кријат од вас", напишал тој на Твитер. За девет дена музичарот успеал да собере речиси 5.000 илјади долари. Пари донирале 169 луѓе. 

Ова не е прв пат овој музичар да се расправа со научниците. Овој рапер во 2016. година органзирал расправа со астрофизичарот Нил Деграс Тајсон.