Наједноставниот начин да изгледате "фотошопирано" во вистинскиот живот

Точка

22/09/2017

19:36

2.068

Големина на фонт

а а а

Лесно е да изгледате совршено на фотографиите кои секогаш може да бидат дополнително уредувани.


Сепак, во вистинскиот живот нема филтери, но поради тоа постојат шминки. Иако со шминката не може да се сокријат сите недостатоци, еден производ кој сигурно го имате во кујната ќе ви помогне да изгледате фотошопирани. Колку повеќе нанесувате пудра на лицето, толку повеќе ќе бидат забележливи порите на вашето лице. Всушност се работи за пченкарно брашно, кое се разбира дека не е пожелно да го користите секојдневно туку само во некои посебни прилики. Потребни ви се шминки, четка со средна дебелина, пудра во прав и пченкарно брашно. 

Чекор 1: Нанесете неколку прајмери на дланката и малку натопете ја четката .

Чекор 2: Со четката нанесувате прајмер на образите, носот, челото и брадата. Нанесувајте во насока на стрелките на часовникот, а потоа во обратна насока за добро да се апсорбира во кожата.

Чекор 3: Сега е време за пченкарното брашно. Ставете од брашното на сунѓер за шминка или на сунѓерче кое се користи за пудра во прав, па нанесете на местата каде ставивте од прајмерот.

Чекор 4: Повторете ги трите чекори, само прајмерот заменете го со пудра.

Ако направивте се како што треба, резултатот треба да биде одличен и подготвени сте за излегување!




Спонозорирани линкови

Маркетинг