Овие фармерки се нов моден тренд, но луѓето сметаат дека се ужасни!

Точка

22/09/2017

17:22

1.380

Големина на фонт

а а а

Кога е во прашање модата, веќе сме навикнати да гледаме чудни парчиња облека кои мнозинтсвото на жени дефинитивно не би ги облекле.

На ревиите на модните дизајнери се промовираат најновите парчиња облека кои ќе бидат "ин" за секоја нова сезона, а исто така се промовирани и на Инстаграм благодарејќи на модните блогерки. 

Па затоа овие денови на Инстаграм кружи една фотографија од фармерки од британската дизајнерка Наташа Зинко. Нивната цена изнесува 695 долари.

Многумина не ја одобруваат оваа висока цена, бидејќи сметаат дека дизајнот на фармерките е ужасен и најверојатно би седеле добро само на некоја манакенка. Всушност, тоа е стил на еден подинец, но луѓето сметаат дека овие фармерки навистина ја преминале границата. Се работи за фармерки со широки ногавици, седум џебови и висок дуплиран струк. Овој нов тренд на фармерки го носи називот "дупли џинс". Што мислите вие?



Спонозорирани линкови

Маркетинг