Се одржа прес-конференција по повод маратонската трка ,,Skopje Run 10km”

Дерби

22/09/2017

13:46

94

Големина на фонт

а а а

Во организација на поддржувачите на Визер скопскиот маратон и покровителството на Агенцијата за млади и спорт, Скопје на 08.10 ќе биде домаќин на маратонот на 10 км. По тој повод во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на која се истакнаа деталите околу трката.

– ,,Скопје трча 10км” е нов спортски настан кој ќе овозможи дополнителна шанса за спорт и рекреација на нашите граѓани. Во соработка со Визер Скопски маратон, го подготовивме овој значаен спортски настан за љубителите на трчањето, со цел да ги развиваме здравите навики кај младите, но и кај сите генерации. Агенцијата за млади и спорт е генерален покровител на “Скопје трча 10км”, а настанот ќе се одржи на 8-ми октомври, долж улиците на Скопје, во пресрет на државниот празник ,,11-ти октомври – Ден на востанието”. Трчаме за развој на спортскиот дух и зголемена афирмација на рекреативното трчање во Македонија. Ги повикувам сите граѓани кои се чувствуваат подготвено, да се пријават на трката, на официјалната веб страна www.skopje.run – додаде Каевски.

На пресот свое излагање имаше и Гордана Николовска од Сојузот на спортови на град Скопје, како и директорот на Визер Скопскиот маратон Кире Синадиноски. Тие ги потенцираа деталите околу трките, нагласувајќи дека покрај главната трка од 10 км, ќе се одржи и штафетна трка од 2X5 км. Стартот и целта е на бул.Илинден, а сите учесници ќе бидат соодветни наградени.



Спонозорирани линкови

Маркетинг