Роналдо му испрати интересен предлог на Зидан по трите лоши резултати на „Бернабеу“

Дерби

21/09/2017

19:47

2.373

Големина на фонт

а а а

Луиз Назарио Де Лима Роналдо е добро познато фудбалско име кое ги сплотува фудбалските фанови без разлиа на тоа што во својата кариера играше за ривалски тимови како Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан, а неговата појава секогаш предизвикува големо внимание во јавноста, па дури и кога станува збор за промотивни акти кои немаат никаква врска со најважната споредна работа во светот.

При еден промотивен акт во Менорка за отворање на фундација која се бори против ракот, легендарниот „Ил Феномено“ од шпанските новинари добил и неколку прашања поврзани за последните три лоши резултати кои ги оствари Реал Мадрид на домашен терен, а наспроти сериозноста на одговорот, во еден момент испратил и интересен и комичен предлог, пред се до Зинедин Зидан.

– Реал Мадрид нема проблеми со постигнувањето голови, тоа ќе го видите во блиска иднина. Заминувањето на Мората може да се покрие со играчите кои ги има Реал на располагање во овој момент. Сепак, ако сметаат дека им недостига еден напаѓач, јас сум на располагање за да се вратам во форма, – низ смеа истакнал Роналдо кој потоа настапил доста посериозно.

– На Реал Мадрид не му недостасува ништо во последните години, веќе на сите го докажа својот квалитет. Минатата година се случуваше нешто слично во еден период, а потоа Реал ја освои Лигата на шампионите и шпанската Примера. Ова само што започна, сезоната е долга и нема простор за паника. Сепак, во Реал ситуацијата е секогаш таква. Три лоши натпревари на домашен терен и почнуваат да излегуваат двоумењата. Резултатите ќе пристигнат во најбрзо време, – заклучил Бразилецот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг