Арсенал е на потег: Покрај Гвардиола, сега и Мурињо е ,,загреан” за Санчез, но…

Дерби

21/09/2017

10:26

242

Големина на фонт

а а а

Англиски„Сан“ излезе со статија дека Манчестер јунајтед е во процес на привлекување и тајни разговори со Алексис Санчез само порадо тоа што Жозе Мурињо решил дека ќе направи одличен потег за ангажман на Чилеанецот на местото на Златан Ибрахимовиќ, кој би требало да го завземе неговото место идната сезона.

Мурињо како и секогаш, повторно во негов стил ќе му зададе сериозен удар на Пеп Гвардиола откако потенцирал дека е сериозен во намерата за услугите на Санчез. Португалецот, пишува ,,Сан”, му понудил и добри услови, околу 25 милиони фунти за потписот и месечна плата од 300 илјади фунти неделно.

Арсенал се во сериозна и матна ситуација која не оди во нивен прилог. Сега ситуацијата е многу поразлична и времето оди во прилог на Санчез кој на крајот на сезоната ќе биде слободен без никаква отштета и ќе може да бира клуб. Санчез, многу пати во претходниот период, нагласуваше дека не планира да стави потпис на нов договор со Арсенал, а сега, Венгер, е ставен во ,,тесно” со што ќе мора да го искористи последниот поправен испит, кој ќе биде во јануари. Сепак, според пишувањата на англиските медиуми, Санчез не планира да го напушта Лондон пред крајот на сезоната, односно ќе остане до летото 2018. година и ќе биде слободен играч. Венгер неколку пати претходно најавуваше дека нема намера да го продава својот најдобар фудбалер.

Што ќе излезе од оваа ,,фудбалска лакрдија” која веќе трае повеќе од една година, со топло-ладно меѓу Чилеанецот и Арсенал, изгледа ќе мора да почекаме, најмалку до јануари идната година кога Арсенал ќе биде на потег.



Спонозорирани линкови

Маркетинг