ПСЖ на едноставен начин го реши проблемот меѓу Кавани и Нејмар

Точка

21/09/2017

09:01

1.596

Големина на фонт

а а а

Кавани и Нејмар се скараа кој да го изведе пеналот на дуелот против Лион, а од тој натпревар до денес двајцата напаѓачи на ПСЖ се во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Откако Кавани не му дозволи на Нејмар да го изведе пеналот против Лион, Бразилецот се налутил и наводно не сакал ниту да комуницира со Уругваецот. Иако се шпекулираше дека ситуацијата е прилично напната помеѓу двајцата фудбалери, наводно од ПСЖ веќе го решиле проблемот.

Првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи наводно веќе разговарал со играчите, а истото го сторил и тренерот на клубот Унаи Емери, по што проблемот бил решен. Од управата на клубот донеле одлука Кавани да биде првиот избор за изведување на пеналите, а Нејмар да добива шанса кога Кавани нема да биде на теренот.

Сега останува да видиме како Нејмар ќе го прифати тоа што ПСЖ го избра Кавани наместо него, со оглед на тоа што на „Паркот на принцовите“ пристигна како голема ѕвезда и убедливо најскапиот фудбалер на сите времиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг