Ѕампарини: Несторовски стана капитен зошто…

Дерби

20/09/2017

20:04

1.828

Големина на фонт

а а а

Тимот на Палермо славеше над Перуџа со 1-0 со голот на Илија Несторовски во вчерашниот дерби меч во Серија Б, а тоа беше доволно за да првиот човек на клубот, Маурисио Зампарини да се огласи во јавноста и да посочи оти тие имее тим кој е способен експресно да се врати во елитата.

-Ова не беше возбудлив настап. Периџа е силен тим, ние се поставивме да бидеме многу внимателни и да се заштитиме како што понекогаш морате да направите во Серија Б. Илија Несторовски го има вистинскиот карактер да ни даде нешто повеќе, поради тоа стана капитен. Заедно сме силни како тим, потребен ни е секој да дојдеме до промоција, ама потребни се и аплаузи од навивачите, очекувам многу повеќе од луѓето на стадионот. Сите натпревари се тешки, најлесните мечеви на хартија можат да бидат најтешки зошто интензитетот не е на високо ниво како со посилните клубови, -посочил Ѕампарини.



Спонозорирани линкови

Маркетинг