Бездомник замолил млада богаташка да го премести своето "Porsche" од тротоарот каде што спиел - таа го застрелала

Точка

14/09/2017

14:02

13.810

Големина на фонт

а а а

Таткото на осомничената ја оправдува својата ќерка и тврди дека бездомникот агресивно се однесувал кон неа и нејзината пријателка.

Младата богата Американка, 26-годишната Кејт Квекенбуш, ладнокрвно испукала два куршума во бездомникот кој се пожалил на издувните гасови од нејзиниот автомобил, а потоа побегнала од местото на злосторството. 

Бездомникот, кој спиел на тротоарот, барал од Кејт да го премести своето "Porsche SUV", по што таа извадила револвер и испукала два куршума во него. Кејт е обвинета за обид за убиство.

Како што објавила полицијата во американскиот град Нешвил, 54-годишниот Џералд Мелтон се лечи во болница од добиените повреди. Локалните медиуми пренесуваат дека таткото на осомничената ја оправдува својата ќерка и тврди дека бездомникот агресивно се однесувал кон неа и нејзината пријателка, а "дофрлал и експлицитни секситички примедби". Вели и дека бездомникот се заканил дека ќе ги убие.

Според неговата верзија, бездомникот наводно тргнал кон нив, а Кејт испукала "два куршума за предупредување, па не ни знаела дека го застрелала".

Кејт Квекенбуш е во затвор, со одредена кауција од 25.000 долари.




Спонозорирани линкови

Маркетинг