Себастијан дивее низ Германија: Европската "Ирма" одзема три животи

Точка

14/09/2017

10:03

2.867

Големина на фонт

а а а

Најмалку три лица загинале во олујата "Себастијан" во Германија, каде на северот на земјата биле забележани ветрови со брзина од 130 километри на час.

Олујата во средата ги погодила западот и северот на Германија, а се движи кон истокот на земјата, соопштиле германските метеоролози. 

Неколку германски региони издале предупредувања во кои се советуваат жителите да останат дома, додека службите за вонредни ситуации не ги исчистат патиштата и не ги поправат проблемите со струјата, пренесува AFP

Според наводите на локалните пожарни служби, тело на маж во инвалидска количка било пронајдено во река во северниот град Хамбург. Сведоците го виделе како паѓа во водата, но и покрај напорите на спасувачките слубжи, меѓу кои биле и нуркачи, чамец и хеликотер, "тој не можел да биде спасен", наведува француската агенција. 

Меѓу загинатите има и еден пешак во Хамбург, кој бил погоден од скеле кое паднало од седми кат на зграда. Тој бил пренесен во болница, каде подоцна починал.

Според наводите на локалната полиција, трета жртва е 53-годишен маж, на коај паднало дрво во градот Брилион.



Спонозорирани линкови

Маркетинг