Дебармаалци добија место на советничката листа на СДСМ

Макфакс

14/09/2017

00:43

587

Големина на фонт

а а а

Носител на листата за советници во Советот на Општина Центар ќе биде член на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“. Ова било договорено вчера на средбата со кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ и претставникот од СДСМ Дамјан Манчевски, кои платформата што ја испратија од граѓанската иницијатива до сите кандидати за градоначалници, ја прифатиле во целост и се обврзале да биде дел од нивната програма за локалните избори.

„Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да се сопре урбанистичкото и еколошкото дивеење, а која што минатата недела ја објавивме како наш услов за поддршка на евентуален кандидат за градоначаник на Центар досега на еден ден пред истекот на рокот за кандидирање ја прифати само СДСМ. Претставниците на СДСМ изразија подготвеност член на граѓанската иницијатива да биде носител на листа за советници за општина Центар како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ“, велат од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“.

 Од СДСМ го прифатиле предлогот носител на листата да биде Јана Белчева Андреевска како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ.



Спонозорирани линкови

Маркетинг