Асад: Сирија се движи кон победа

Макфакс

14/09/2017

00:34

554

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Сирија Башар Асад изјави дека и покрај терористичката, воената, економската и медиумската војна која се води против Сирија, владините сили стабилно се движат кон победа, благодарение на големи жртви, издржливоста на сирискиот народ и помошта од пријателски земји, пренесе сириската владина агенција Сана.

Асад ги даде овие коментари, за време на приемот на делегацијата од учесници на Меѓународната конференција на синдикатите за солидарност со вработените и народот на Сирија против тероризмот, блокадите, економските санкции и империјалистичките интервенционистки политики, која беше одржана во Дамаск и привлече учесници од околу 60 земји.

Од своја страна, членовите на делегацијата изразиле поддршка за работниците во земјата и за целиот народ на Сирија, во нивната борба против тероризмот и ембаргото, потврдувајќи дека војната на Сиријците е многу важна за регионот и светот, бидејќи нејзините последици претставуваат пресвртница во човечката историја.



Спонозорирани линкови

Маркетинг