ЕУ ќе одвои 1,2 милијарда евра помош за Италија за справување со штетите од земјотресите

Макфакс

13/09/2017

22:37

186

Големина на фонт

а а а

Европската Унија ќе одвои 1,2 милијарда евра за Италија за справување со последиците од катастрофалните земјотреси во централниот дел на земјата, се наведува во соопштение од прес-службата на Европскиот парламент.

Во 2016 и 2017 година во силни земјотреси во областите Абруцо, Лацио, Марке и Умбрија загинаа 333 лица. Повеќе од 30.000 луѓе беа евакуирани. Земјотресите исто така предизвикаа сериозна штета на регионалната економија.

Средствата за Италија ќе бидат исплатени од Фондот за солидарност на ЕУ. Тие ќе бидат наменети за финансирање програми за поправка на оштетената инфраструктура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг