Марсело ја дозна казната за својот неспортски потег против Леванте, па доби награда од Реал Мадрид

Дерби

13/09/2017

19:30

1.666

Големина на фонт

а а а

Дисциплинската комисија при шпанската Ла Лига ова попладне излезе со соопштение за инцидетот кој го предизвика Марсело на првенствениот меч со Леванте кој се одигра изминатиов викед, преку кое наведе дека Бразилецот ја добива најблага казна во дадениот случај.

Бразилскиот лев бек го удри со копачка во грбот противничкиот дефанзивец Лерма, но според дисциплинската комисија, ваквиот потег на Марсело е доволен за суспензија од два меча, а не за онаа од четири која всушност е најригорозна за ваков вид испади во Шпанија.

Ова значи дека Марсело нема да му биде на располагање на Зидан за претстојното тешко гостување во Сан Себастијан против Реал Сосиедад, како и на наредниот првенствен меч кога Реал Мадид на домашен терен ќе го пречека Бетис.

Интересно, напоредно со соопштението на Ла Лига, за Марсело пристигна и една добра вест од клубот, кој пак ја информираше јавноста дека Бразилецот ставил потпис на нов договор според кој ќе биде член на Реал Мадрид до 2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг