Рахој: Каталонскиот референдум не смее да се одржи

Макфакс

13/09/2017

18:13

307

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот премиер Маријано Рахој инсистира Каталонците да не излегуваат на планираниот референдум за независност, кој го нарече неуставен.

Рахој се бори да го сопре референдумот и апелира Каталонците да ги игнорираат повиците да излезат и да се изјаснат по референдумското прашање за отцепување на Каталонија од Шпанија.

„Ако кој било инсистира да излезете на гласање, немојте бидејќи референдумот не смее да се одржи, тоа би било апсолутно нелегален чин“, рече Рахој.

Коалицијата, која во моментот е на власт во Каталонија, се залага за независност и соопшти дека референдумот за независност, кој е планиран за 1 октомври, ќе се одржи и покрај одлуката на Уставниот суд на Шпанија референдумот да се одложи додека судиите не донесат конечна одлука за легалноста на референдумот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг