СДСМ: Јакимовски го прекрши Изборниот законик

Макфакс

13/09/2017

18:11

351

Големина на фонт

а а а

За жал, во 2017 година во Карпош сѐ уште има руинирани градинки и има недостиг од сместување за најмладите карпошани, велат од СДСМ.

„Кога СДСМ вчера ги обелодени лошите услови во градинката „Мајски цвет“, кога беше обелоденето дека Стевчо Јакимовски со години ги лажеше граѓаните и им ветуваше изградба на нова градинка во населбата Бардовци, продолжената рака на Никола Груевски и градоначалник во заминување денеска побрза да удри камен-темелник на новата градинка „Аврам Писевски“ во оваа населба.

За ваквите незаконски активности на Јакимовски, спротивни на Изборниот законик (член 8а), СДСМ ќе поднесе соодветна пријава.

Јакимовски нема да успее да ги прикрие штетите што им ги нанесе на граѓаните со своето неодговорно, расипничко и коруптивно владеење со општина Карпош. Јакимовски ќе се соочи со својата политичка и правна одговорност за своите постапки, а граѓаните на Карпош по изборите ќе добијат нова услужна, одговорна и отчетна власт предводена од СДСМ, која ќе работи во интерес на граѓаните и општината.

Градинките во општина Карпош ќе ги изгради новата локална власт предводена од СДСМ. Се обврзуваме пред граѓаните на општина Карпош дека по преземањето на локалната власт на 15 октомври, целосно и темелно да ги реконструираме градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, градинката во Влае 1 и ќе изградиме две нови градинки. Една во Влае 2 на местото до училиштето „Димо Хаџи-Димов“ и една која со години е дел од лажните ветувања на Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е градинката во Бардовци до училиштето „Аврам Писевски“, се додава во соопштението од владејачката партија.



Спонозорирани линкови

Маркетинг