Паника на Западот: Една членка на НАТО направила договор на векот со Русија вреден 2,5 милијарди долари,од кој сите ќе се плашат

Точка

13/09/2017

18:46

6.291

Големина на фонт

а а а

Русија и Турција конечно го потпишале многу очекуваниот договор со голема вредност, од околу 2,5 милијарди долари.

Кремљ соопштил дека важните преговори со Турција се приведени кон крајот, и сега втората по ред членка на западната воена алијанса ќе добие руски против-воздушни ракетни системи. 

"Договорот е потпишан и треба да се реализира. Како што знаете, S-400 е еден од најсложените системи кој се состои од голем број технички компоненти, така што тука има многу нијанси. Можам само да гарантирам дека сите одлуки во рамките на овој договор се донесени строго во склад со нашите стратешки интереси", рекол помошникот на рускиот претседател за военотехничка соработка, Вадим Кожин. 

Турција, меѓутоа, ќе мора неколку години да чека испорака, нагласил тој. 

"Би сакал да истакнам една важна околност: постои листа на чекање на оние кои се заинтересирани за овој систем. Тоа се земји од Југоисточна Азија и Блискиот исток, како и некои членки на "ODKB". Нарачки има многу, а еден број земји има специфични барања врзани за овој систем", рекол Кожин, истакнувајќи дека руските произведувачи на ова оружје во врска со тие барања имаат полни раце работа, па не се знае кога "S-400 Triumph" ќе и биде испорачан на Турција. 

На почетокот на 20. век Русија направила моќно против-авионско оружје. Тоа е ситемот "S-400 Triumph" или "Growler", според класификацијата на НАТО. 

Новосоздадениот систем брзо станува "тешкаш" во светот на против ракетната одбрана, бидејќи детектира непријателски ракети, авиони, бомбардери, хеликоптери и сите останати авијациски системи на оддалеченост од 600 километри. 


Треба да се истакне дека радарите на овој систем не се "еднонасочни" како кај некои други модели - тие ја гледаат секоја "птица" која се приближува или оддалечува на радиус од 600 километри. 

Тоа било најважен параметар, со оглед на тоа дека најблискиот еквивалент - американскиот систем MIM-104 Patriot - обезбедува "еднонасочна видливост" во радиус од само 180 километри. 


"Growler" почнува тоа да го прави од 400 километри, и во овој момент дури ни бомбардери и ловечки авиони од петтата генерација нема да останат незабележани. 

Тие две карактеристики биле причините поради кои Кина, Индија и Турција застанале во редот за купување на овој одбранбен систем. Една дивизија од овие ракети - 8 лансери и помошни средства - чини околу 500 милиони долари. 


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја отфрлил загриженоста на НАТО по повод одлуката неговата земја да купи руско одбранбен ракетен систем. Ердоган истакнал дека договорот е потпишан и дека депозитот е исплатен. 

Без да наведе ниедна земја посебно, Ердоган изјавил дека НАТО сојузниците полуделе поради тој договор.



Спонозорирани линкови

Маркетинг