Министерот Бектеши на состанок на Светската туристичка организација во Кина

Макфакс

13/09/2017

16:41

68

Големина на фонт

а а а

Во рамките на годишното Генерално собрание на Светската туристичка организација (UNWTO), кое се одржува во градот Ченгду, министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше во гласањето за нов генерален секретар и новиот управувачки одбор на организацијата која управува со туризмот на глобално ниво.

На 22. Генерално собрание на Светската туристичка организација, кое го отвори првиот човек на Ченгду, д-р Луончианг, присуствуваа 70 министри одговорни за туризам од целиот свет. Д-р Луончианг даде јасна порака дека туризмот е една од најважните индустрии во светот и дека со толку големо учество на министри од целиот свет се покажа дека владите се свесни за вредноста на туризмот како многу важна индустрија во економиите на државите и на светската економија воопшто.

Министерот Бектеши во рамките на Годишното собрание се состана со повеќе колеги од регионот и светот со кои дискутираше за правците на развој на туризмот на глобално ниво, за новите трендови и за подобрувањето на туристичките услуги, притоа претставувајќи ја туристичката понуда на Македонија, можностите за соработка во поглед на зголемување на бројот на туристи, преку разните поволни понуди.

Светската туристичка организација (UNWTO) е агенција на Обединетите нации одговорна за промовирање одговорен, одржлив и инклузивен туризам. Како главна меѓународна организација во областа на туризмот, таа го промовира туризмот како катализатор за економски раст, инклузивен развој и одржливост на животната средина, обезбедува водство и поддршка на туристичкиот сектор во однос на унапредување на знаењата и туристичките политики ширум светот. Главен собир на Светската туристичка организација е Генералното собрание, кое се состанува на секои две години, за усвојување на буџетот и работната програма, дебатира за витални теми за туристичкиот сектор, додека, пак, секои четири години избира нов генерален секретар.



Спонозорирани линкови

Маркетинг