Започнува реконструкцијата на Сирија: Русија испраќа 4 илјади тони материјал и над 40 градежни машини

Точка

13/09/2017

15:01

7.813

Големина на фонт

а а а

Русија ќе помогне во реконструкцијата на разрушената Сирија најпрвин со испраќање на 4 илјади тони материјал и над 40 градежни машини.

Откако Русија пред неколку години се вклучи во граѓанската војна во Сирија и му помогна на сирискиот претседател Башар Ал Асад да го издржи налетот на бунтовниците и на џихадистичките организации, сега доаѓа нова пост-воена фаза во оваа земја на Блискиот исток.

Од руското министерство за одбрана потврдија дека Русија во Сирија ќе испрати над 4 илјади тони материјал и над 40 градежни машини во рамките на големата реконструкција на оваа земја која што практично е цела разрушена од граѓанската војна која што беснее шест години.

Станува збор за програма за обнова на сириската држава, директно поддржана од руската влада која што е во износ од повеќе милијарди долари.


Русите во Сирија испраќаат булдожери, камиони и најразлична друга индустриска опрема, како и повеќе од 2 илјади тони метални цевки, стои во соопштението на руското министерство за одбрана.

Една од првите цели на руските и сириските власти, секако е обнова на водоводната инфраструктура во најголемите градови во земјата, исто како и обнова на стотици километри на електрични и оптички кабли со цел во сите делови да биде вратена електричната енергија и интернетот.

Одлуката е објавена во моментите кога рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу отпатува во Дамаск каде што се сретна со сирискиот претседател Башар Ал Асад.


Наводно Шојгу отпатувал во Дамаск по директна наредба на рускиот претседател Владимир Путин, а неговата посета исто така доаѓа во моментите кога руското министерство за одбрана објави дека сириската војска моментално контролира околу 85% од територијата на Сирија.

Како што пренесуваат руските медиуми, Шојгу и Башар Ал Асад покрај за обновата на Сирија, разговарале и за руско-сириската воена соработка, заедничката борба против терористите и општо за процесот за стабилизација на ситуацијата во Сирија.



Спонозорирани линкови

Маркетинг