Шок за недопирливиот: Путин изгубил во Москва, и тоа на место каде сите мислеле дека владее

Точка

13/09/2017

15:13

7.659

Големина на фонт

а а а

"Обединета Русија не можевте да ја видите никаде во текот на кампањата, додека ние одевме од врата на врата за да разговараме со нашите гласачи. Можеби Обединета Русија беше премногу мрзелива, навикната на победи секои избори".

Коалицијата либерални опозициски партии остварила неочекуван триумф на локалните и регионалните избори кои во неделата биле одржани во Русија, носејќи ја победата во повеќе изборни единици во Москва - вклучувајќи ја и таа во која гласа претседателот Владимир Путин. 

Секако, партијата Обединета Русија, која е на власт веќе 17 години, освоила повеќе места на овие избори, но успехот на опозицијата во центарот на Москва не треба да се занемари, со тоа што партијата на Путин е победена во населбата Гагарински, во која гласа и самиот Путин. 

Опозициската коалиција Обединети демократи во таа населба освоила 12 места. 

Обединетите демократи, меѓу кои се и либералните партии Јаблоко и Парнас, освоиле 11 од 12 места во населбата Тверцкаја, која се наоѓа во непосредна близина на Кремљ, додека во населбата Камовники освоиле 15 места, освојувајќи мнозинство во вкупно 14 московски населби. 


Истакнатиот новинар на "Новаја Газета" и носител на листата за Камовники, 33-годишнито Илија Азар, за Daily Beast изјавил дека воопшто не се надевал на победа и дека се кандидирал само за да прати порака за учество во политичкиот живот, кој речиси во целост го контролира партијата на Путин. 

Кога следниот ден дознал дека го избрале 50 проценти од гласачите, останал во шок. 

"Обединета Русија не можевте да ја видите никаде во текот на кампањата, додека ние одевме од врата на врата за да разговараме со нашите гласачи. Можеби Обединета Русија беше премногу мрзелива, навикната на победи секои избор", заклучил Азар. 

Додека во останатите делови на Русија гласачите, со излезеност од само 15 проценти, во главно гласале за владејачката партија, овие Московјани очигледно покажале желба за промени, реформи и нови лица во политиката, пишува Index.hr


Некои од кандидатите, кои граѓаните на Москва ги избрале, биле во затвор или биле претепани на улиците од полицијата или од пропутински силеџии, а ги избрале дури и оние кои Кремљ ги етикетирал како "агенти на американската државна служба", што е вообичаена тактика за сатанизирање на опозицијата во руската демократија. 

Така Илија Јашин, кој го освоил првото место во општината Красноселски, во јули минал 15 дена во затвор поради учество на антикорупциски протест во таа населба. На Јашин минатиот ноември му се заканувале и со смрт, бидејќи сведочел за убиството на својот политички сојузник, Борис Немцов, кој бил убиен пред Кремљ. 

Како и на многу досегашни избори во Русија - дали претседателски, парламентарни или локални - и на овие биле забележани многу обвиненија за местење во корист на партијата на Путин, а независната организација за надгледување на изборите, "Golos", пријавила околу 600 неправилности, се наведува во текстот. 


На паралелните избори за гувернери, Обединета Русија ги освоила сите 15 гувернерски позиции во земјата. 

Од друга страна, одлуката на Кремљ да ги олабави строгите ограничувања при регистрација на кандидатурата, била пресудна за успехот во центарот на Москва. 

"Ова е нова ера за руската политика. Сите се шокирани. Симболично е што опозицијата сега ќе ја контролира населбата во која Путин е регистриран за гласање", рекол Виталиј Шклијаров, 41-годишен политички аналитичар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг