Џенифер Лоренс повторно блесна, овој пат на премиерата на филмот "Mother" во Торонто

Точка

13/09/2017

13:20

1.325

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лоренс ипмресионираше со стајлингот за филмскиот фестивал во Торонто во прекрасен црн фустан, чиј горен дел беше налик на корсет и светкави детали на долниот дел.

27 - годишната актерка зрачеше со самодоверба и го преплави црвениот тепих во доста смел ансамбл на премиерата на нејзиниот најнов филм “Mother”.  


Ѕвездата на “Hunger Games” беше невозможно да се пропушти бидејќи беше дефинитвно во центарот на вниманието со нејзината супер привлечна фигура. Џенифер го надоплна нејзиниот изглед со опуштено коњско репче и испуштени прамени од косата кои го обликуваа нејзиниот прекрасно лице. Оскаровката ги нагласи своите очи со дебела линија ајлајнер и од накит носеше само сребрен чокер ококлу вратот.


Ѕвездата од Кентаки беше во придружба на нејзиниот колега од филмот, Хавиер Бардем.


Претходно Џенифер на конференцијата одржана за филмот, повторно остави воздишки кај присутните појавувајќи се во кратко деколтирано топче со шарени широки пантолони.


Филмот Мајка е психолошки хорор кој ја следи приказната за ликот на Џенифер и нејзиниот сопруг чиј мирен живот е нарушен со доаѓањето на мистериозна девојка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг