Претставен е новиот iPhone X: Најмоќниот паметен телефон на светот

Точка

12/09/2017

23:15

8.105

Големина на фонт

а а а

„Ова е производ кој ќе ги постави темелите на најмодерните паметни телефони во идните 10 години“, изјави Тим Кук, пред да биде претставен новиот, долго очекуваниот iPhone X.

iPhone X (се чита како Ајфон Десет, а не икс) доаѓа во Silver и Space Gray боја, има нов дисплеј кој што е наречен Super Retina и истиот го прекрива целиот преден дел од паметниот телефон. Станува збор за 5,8-инчен OLED екран кој што има густина од 458 пиксели по инч.

Секако, iPhone X го нема физичкото Home копче и наместо него, од Apple одлучија преминувањето на „десктопот“ да биде достапно со едно движење со прстот од долу.

iPhone X ќе има посебно копче за виртуелниот асистент „Сири“, а отклучувањето ќе биде овозможено преку препознавање на лицето на корисникот, односно опцијата Face ID. Системот е сочинет од IR камера, проектор и други сензори кои заедно препознаваат лице и го отклучуваат уредот во дел од секундата.

Face ID ќе може да го препознае вашето лице без оглед на тоа дали е ден или ноќ, дали ќе имате брада или не, ќе ја смените вашата фризура, ќе носите капа или пак ќе носите очила. За комплексниот процес за препознавање на лицето ќе биде задолжен А11 Bionic Neural Engine Processor кој што во една секунда ќе може да обработи шест милијарди задачи.


Apple покрај новиот iPhone X претстави и нови анимирани емот-икони кои што корисникот ќе може да ги контролира со своето лице. Изразите на овие емот-икони ќе зависат од изразот на лицето на корисникот, што отвора нови, многу позабавни можности.

Камерите на новиот iPhone X се 12-мегапикселни, со отвор на бленда од f 1.8 на обичниот и f 2.4 телефото сензорот. Секако, новите камери располагаат со нови филтери и подобар блиц. Исто како и кај „осмицата“, новиот iPhone X A11 Bionic Processor, а неговата батерија ќе може да сеполни бежично.


Цената ќе стартува од 999 долари, а нарачките започнуваат од 27-ми октомври. Новиот iPhone X за прв пат во продажните салони ќе се најде на 3-ти ноември.




Спонозорирани линкови

Маркетинг