BMW во Франкфурт ќе претстави модел со којшто ќе го најави својот најголем SUV

Точка

12/09/2017

22:11

1.008

Големина на фонт

а а а

Во очи на почетокот на Саемот за автомобили во Франкфурт, на интернет мрежата се појавија фотографии од концепт моделот X7 iPerformance. Со тој модел BMW ни најавува нова верзија од својот следен најголем иден SUV модел.

Инаку веќе неколку месеци наназад на големо се зборува за концептот X7, а во BMW се веќе во својата завршна фаза од тестирањата на идната верзија од најголемиот SUV, чијашто намена ќе биде превоз за до седум лица.

А пак ако може да се донесе некаков суд врз основа на првите неколку фотографии и видео записот во којшто е претставен овој модел, би можело да се случи тоа да просторот во третиот ред од возилото да биде доволен само за деца или послаби личности.

Повеќе детали во врска со овој концепт и идната продукциска верзија на најголемиот BMW SUV модел ќе бидат познати на Саемот за автомобили во Франкфурт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг