Денови на естонска кујна во Дистрикт бар и ресторан

Точка

12/09/2017

15:35

401

Големина на фонт

а а а

Пушен сом со кавијар од пастрмка, супа од цвекло и суво грозје, бавно готвени говедски образи со глазура од десертно вино, свинско маринирано со сенф и смрека, несекојдневни десерти со различни бобинки или пак богат избор на сирења директно од Аркна, едно од најавтентичните села во Естонија?

За некого можеби звучи необично, но ова е само дел од менито кое ќе биде понудено во Дистрикт бар и ресторан во рамки на „Деновите на естонската кујна“.

„Деновите на естонската кујна“ ќе се случуваат од 14 до 21 септември, при кои посетителите ќе имаат несекојдневна можност да го вкусат специјалното мени со класични, но уникатни креации со модерна нишка од естонската гастрономија. 

Специјален гостин за ова исклучително кулинарско случување е врвниот готвач од Талин, Естонија – Лори Томингас, кој во ресторанскиот бизнис речиси 20 години, а исто така е и активен и препознаен член во Естонската Асоцијација на готвачи. 

Тој своето искуство го носи уште од школските денови кога изучувал хотелски и туристички менаџмент, а по завршување на своето образование, покрај во Естонија, имал прилика да работи и во Шкотска, Норвешка, Франција и Финска. 


За себе вели дека во потрага по нови искуства и идеи патувал секаде во светот, пробувајќи различни вкусни, но и чудни и непознати јадења кои му помогнале подобро да ја разбере храната, вистинската вредност на квалитетните состојки и како истите се одгледуваат и користат од различни луѓе во различни делови од светот. 

Низ годините професионално искуство работел и како главен готвач во повеќе ресторани, а денес е сопственик и главен готвач на ресторанот „Рис“ во Талин, кој нуди вкусна, но едноставна азиска кујна направена со локални состојки и мал нордиски шмек, но подготвена со многу љубов и страст, токму како што се подготвува низ улиците на азиските држави.  

„Познат факт е дека да се биде готвач не е само работа, туку тоа е страст и животен стил и токму оваа девиза е она што ме водеше речиси 20 години досега“, вели познатиот готвач Лори Томингас. 

Своето богато, интернационално искуство, Лори Томингас во Дистрикт бар и ресторан ќе го преточи во креативно мени инспирирано од интересната естонска трпеза, но со модерна нишка и влијание од интернационалните кујни, адаптирано дури и за најистенчените вкусови. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг